Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, зборуваше за потенцијалот на неговиот болид и шансите за победа. Тој смета дека неговиот тим напредувал, но се уште е тешко да се натпреварува со Ред Бул, Мекларен и Ферари.
Мислам дека во моментов ова е максимумот што го имаме. Значи, ние постојано дотеруваме, правиме мали промени, но ни требаат некои нови делови за да се бориме со најдобрите. Мерцедес ја зголеми брзината? Несомнено. Дефинитивно станавме постабилни. Кога би можел да се квалификувам како овој викенд, неделата би била многу полесна. Но, моите саботи беа толку лоши во последните, да речеме, 15 етапи. Затоа, одлично е да имате чист викенд. Третото и четвртото место овој викенд го одразуваат нашето темпо. Мислам дека направивме пристојна работа овој викенд. Во моментов не сме во позиција да се бориме за победи. Ќе видиме што ќе се случи на следните трки, изјави Хамилтон.
По десет трки во Формула 1 шампионатот, Хамилтон со 70 освоени бодови се наоѓа на 8. место во поредокот за возачи.
Лидер е Макс Верстапен од Ред бул со 219 бодови.
OhridNews