Седумкратниот светски првак во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон, ќе стартува десет места поназад на патеката во Истанбул за Големата награда на Турција која е на програмата в недела, откако Мерцедес денеска го промени моторот на неговиот болид.

Хамилтон во текот на една сезона има права три пати да го смени моторот и со оваа промена го надмина тоа ограничување поради што уследи казната.

Британецот заостанува два бода во генералниот пласман зад Холанѓанецот Макс Верстапен (Ред Бул) на седум трки до крајот на сезоната.

Минатата сезона Хамилтон победи на трката во Истанбул, освојувајќи ја својата рекордна седма шампионска титула.

 

OhridNews