Актуелниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, со триумф ја отвори новата сезона, победувајќи за Големата награда на Бахреин. Хамилтон подобар беше од Макс Верстапен во директната пресметка која одлуваше за победа на стартот од Ф1 шампионатот.
Британецот на трката „Сакир“ ја запиша 96-та победа во кариерата, а низ целта помина со седум десетинки предност во однос на ривалот од Ред Бул. Хамилтон уште на стартот од сезоната запиша нов рекорд зад своето име, поминувајќи најголем број на кругови во водство, а да биде крунисано со победа.
Што се однесува до битката за подиумот. Почетокот на трката му припадна на Верстапен, кој почна со спротивна тактика од Хамилтон. Британецот во своја полза битката на трката ја сврти после влегувањето во боксот. Стекнатата предност не ја испушти до крај, за успеше почеток на сезоната.
Трет финишираше Валтери Ботас (Мерцедес), а во топ 5 завршија Ландо Норис од Мекларен односно Серхио Перез од Ред Бул.
Следната трка во Ф1 шампионатот се вози на 16 април во Италија.
OhridNews