Новата сезона во Формула 1 ќе почне на 17 март со трката во Мелбурн за големата награда на Австралија, а актуелниот шампион Луис Хамилтон подготвен е за битка со тимот на Ферари, кој остваруваше најдобро време во текот на тестирањата.
Минатата година имаа добар болид, но годинава имаат уште подобар и секоја чест за Ферари кој многу се посвети. Јас лично немам против предизвиците, сакам борба и тоа значи дека не очекува добра и возбудлива сезона. Мора да се избориме со Ферари, а ние во тимот знаеме како треба да го направиме. – изјави Хамилтон.
Петкратниот првак во Формула 1 сметка дека тој треба да извади максимум од болидот, без разлика што заостанува во споредба со болидот од Ферари.
Болидот наш не е оптимален и во претходните две недели немаше простор да се подобри. Како пилот и долгогодишен член на Мерцедес имам задача да извадам најдобро што можам од болидот. Предноста на почетокот од сезоната многу значи, но и тоа можеме да го надополниме. – додаде Хамилтон.
Друштво на Хамилтон во тимот на Мерцедес ќе му прави Валтери Ботас, додека пилоти во Ферари се Себастијан Фетел и Чарлс Леклерк.
OhridNews