Ресторанот “Antojeria La Popular” кој се наоѓа на Менхетн во своето мени сврстил нов специјалитет. Во прашање е „хамбургер“ со скакулци. Помеѓу две лепчиња се наоѓаат печени скакулци со младо сирење, мајонез, кромид и кечап. Специјалитетот на куќата, кој не за сечиј стомак, чини 14 долари. Марко Шалма, вработен во ресторанот, вели дека имам специфичен вкус, па воглавно го служеле како додаток со некое друго јадење. Додал дека скакулците се исклучително крцкави.

Овој сендвич прв пат бил претставен минатиот викенд, на настан во организација на Обединетите Нации, со цел да се поттикне дебата за инсектите како храна за заедниците ширум светот. Шалма рекол дека тоа биле протеини со кои ќе растат идните генерации. Според него, тоа е комбинација на традиционален американски хамбургер и мексикански „шмек“.