Еден американски ресторан, надалеку прочуен по своите џиновски хамбургери, се надминал самиот себе понудувајќи хамбургер од неверојатни 153 килограми. “Grill Maliz” во Сајтгејт, во државата Мичиген, го претставил својот необичен специјалитет чија цена изнесувала 2000 долари.
Овој „апсолутно бесмислен хамбургер“, како што гласи неговиот назив во менито, содржел 540 илјади калории, а за неговата припрема биле потребни околу 22 часа. Сопственикот на ресторанот рекол дека џиновскиот хамбургер ќе се сервира со помфрит и еден пијалок.