Доколу ги сакате хамбургерите, тогаш мора и да имате длабок џеб за да сладите со гламбургерм најскапиот хамбургер на светот. Гламбургерот е направен од 220 грама мелено јунешко месо и 60 грама новозеландски дивеч, како би се воспоставила рамнотежа на мастите, и црниот тартуф кој се топи во устата.
Покрај овие главни состојки, гламбургерот е зачинет со чадена сол, и се служи со тврдо варен канадски јастог. Бургерот е обложен со сланина, кавијар, чадени јајца од патка и златни листови за јадење. Лепињата, која исто така е прекриена со златни листови, натопена е со крем мајонез. Доколку огладневте, имајте на ум дека овој оброк ќе ве чини 1100 фунти.