Некогаш спорниот HALO – систем за заштита на возачите во Фомрула 1 конечно е одобрен од страна на FIA.

Уште оваа седмица FIA ќе излезе со официјално соопштение и задолжение на сите тимови, во следната 2018 година, да мора да го користат овај систем. Оваа одлука наиде на бурна реакција посебно од возачите па FIA свика прес конференција каде ја образложи својата одлука:

“Мото спортот по својата природа е спорт кој со себе повлекува голем процент на ризик и загрозеност на животите на учесниците, возачите. Испитувањата беа во правец на контакт на болид со болид, како и контакт на болидот со друг објект (ограда) како и удар на друг објект. Овај систем покажа дека може да издржи дури до 15 статичко оптеретување. “ – објаснија од FIA.

 OhridNews