Иако не може да се пофали со некои посебни пејачки можности, Хали Бери би можела да се појави во улогата на Арета Френклин во филм кој наскоро ќе почне да се снима за оваа музичка легенда. Доколку тоа се случи, ќе биде на инсистирање на самата Арета. Имено, Арета, која има 69 години, изјавила дека најмногу би сакала нејзиниот лик на филмското платно да го толкува Хали Бери. Хали пак, претходно изјавила дека најверојатно ќе ја одбие улогата поради тоа што не знае да пее, но продуцентите ја увериле дека во филмот ќе бидат користени снимки од гласот на самата Арета Френклин.


Во конкуренција за улогата е и Џенифер Хадсон, која за разлика од Хали Бери покрај актерските способности има и вокални способности на кои многумина и завидуваат. Се споменува и името на уметникот Фантасија, чие полно име е Моник Барино и која е R’N’B пејачка, но и активна актерка на Бродвеј. Таа, слично како и Хадсон, се прославила со учеството во „Американски идол“.