На своето момче му зборувала дека е губитник. Стално му повторувала дека таа е успешна актерка која освоила Оскар, а тој само манекен, објаснил еден од пријателите на парот по прекинувањето на петгодишната врска меѓу Габриел Аубри и Хали Бери. Ја имаат ќерката Нахла, а старателство над неа побарал и Аубри, кој не сакал неговата ќерка да расте во холивудското опкружување на мајката.
Манекенот сака да ја одгледува ќерката во Канада, од каде потекнува. Бери се мажела два пати. Првиот пат за безбол играчот Дејвид Џастис, со кој прекинала по три години брак, а вториот пат со музичарот Ерик Бенет. Верувала дека со Габриел ќе има успешна врска.