Актерката Хали Бери рекла дека би сакала да добие уште деца во иднина, како и дека секоја вечер се моли за тоа, пренеле медиумите. Бери открила дека и нејзината ќерка Нала секоја вечер се моли за тоа да добие братче или сестра.
Нала од бога барала да добие кревет на спрат и сестричка. Хали венчавката со актерот Оливие Мартинез ја ставила на чекање додека таа не се пресели со ќерката во Франција. Таа се бори за старателство над ќерката со таткото Габриел Обри.