Холивудската ѕвезда Хали Бери и нејзиниот сопруг, францускиот актер Оливие Мартинез, станале родители. Убавата оскаровка во саботата ноќта во болница во Лос Анџелес родила син.
Таа станала мајка по втор пат, бидејќи со Гарбиел Обри веќе има петгодишна ќерка, додека на Мартинез, кој со Хали е во брак од минатата година, ова му е прво дете. Кога дознала дека е во блажена состојба, актерката изјавила дека е пресреќна и дека не можела да верува дека во тие години повторно е бремена.