Хали Бери наводно го очекува своето второ дете. Актерката е во врска со моделот Габриел Аубри со кој ја има својата едногодишна ќерка. Бери во текот на првото зачнување користела вонтелесно оплодување, а вториот пат наводно забременила со потпомогнато оплодување.


Извор близок на парот наведува дека се поминало без проблеми. Актерката во последно време е видена како носи широки алишта, што уште повеќе ги зголемило претпоставките за нејзината бременост.