Канадскиот манекен Габриел Обри, поранешното момче на Хали Бери и татко на двегодишната Нала, веќе со месеци ја малтретирал актерката праќајќи и СМС пораки со навредлива содржина. Ја нарекол кучка и неспособна мајка, додавајќи дека и таа му испраќала заканувачки пораки. Пораките рекол дека ќе ги покаже пред судот, бидејќи неодамна поднел барање за старателство над ќерката.


Манекенот и замерил на Хали бидејќи таа јавно зборувала за проблемите во нивната врска. Портпаролот на Хали Бери рекол дека Габриел е злобен и полн со завист. Актерката поради кавгата се откажала од снимањето на филмот ‘New Year’s Eve’, а наместо неа улогата ја добила Кетрин Хегл.