Актерката Хали Бери во последно време не снима премногу поради бременоста, а не сме ја виделе ниту во некои позапазени улоги во изминативе неколку години. Тоа наскоро би можело да се промени. Како што пренеле американските портали, Бери ќе глуми во акционата комедија „Мајка“, која најверојатно и ќе ја продуцира.
Иако медиумите не пишувале толку за неа, и во последниве неколку години не остварила некои големи улоги по кои ќе ја паметиме, таа сепак вредно работела. Глумеше во филмот ‘The Call’, а сега го снима ‘X-Men: Days of Future Past’. Исто така во октомври би требало да започне со снимање на комедијата „Како да најдеш момче за 10 дена“.