Оскаровката Хали Бери наводно ќе се омажи за својот вереник Оливие Мартинез овој викенд, пренеле елетронските медиуми. Мартинез и Бери се вериле минатата година.

Актерката добила дијамантски прстен со смарагди, а парот сега чека и дете. Хали Бери го запознала францускиот актер додека го снимала филмот ‘Dark Tide’, а својата врска ја објавиле во 2010 година.