Актерката Хали Бери, која важи за една од најплатените во Холивуд, ќе мора дел од својата заработка да издвојува и за алиментација. Според одлуката на судот, месечно ќе издвојува по 20 илјади долари за алиментација на своето поранешно момче Габриел Обри со кој ја има ќерката Нала. Парот кој се разделил во февруари 2010 година, оттогаш е во судски процес околу старателството над ќерката.

Со својата одлука за висината на алиментацијата судот до максимум ги исполнил барањата на канадскиот манекен, кој во април побарал месечно да добила по 15 до 20 илјади долари. Своите барања ги правдал со тоа што велел дека на нивната ќерка сака да и обезбеди што поудобен живот. Хали Бери, која е верена за актерот Оливер Мартинез, наскоро ја очекува уште една судска одлука околу преселбата со ќерката во Париз.