Хали Бери го доживеала најлошиот кошмар на секоја мајка. Имено, кога била на купување во еден шопинг центар ја изгубила од вид ќерката Нала која има само три години. Имала чувство дека главата ќе и се оддели од телото. Се сеќава дека ја држела за раката, па во еден момент неа ја немало покрај нејзе.


Вели дека и застанало срцето. Побарала да се затвори продавницата бидејќи детето и исчезнало. За среќа Нала се криела само пет метри подалеку меѓу облеката. Хали признала дека се чувствува посрамено, но не знаела како поинаку да реагира.