Социјалната служба во Лос Анџелес ги советувала актерката и нејзиното поранешно момче, моделот Габриел Обри, да се запишат на курс за родители како би станале подобри родители на нивната ќерка Нала. По макотрпната борба за старателство над ќерката, Хали Бери и канадскиот модел повторно завршиле на суд. Поранешната дадилка на нивната ќерка неодамна го тужела Габриел бидејќи ја турнал во ѕидот додека таа ја држела Нала.

Поради тој инцидент Хали сакала да му го одземе заедничкото старателство над ќерката и да му го одземе правото да ја гледа. Извор близок на парот открил дека целта на курсот е да се најдат во иста соба и да сватат дека нивните постојани кавги само и штетат на нивната ќерка. Социјалната служба им препорачала заедно да се обидат да бидат родители на девојчето.