Холивудските актери Хали Бери и Оливие Мартинез после осум месеци брак се пред развод. Како што јавуваат светските медиуми, парот од декември не е виден заедно во јавност, а извор близок до нив тврди дека често се караат кога ќе се најдат под исти покрив, што, исто така, станало вистинска реткост во последно време.
Дека не цветат рози помеѓу популарните актери било јасно уште на доделувањето на Оскарите кога Хали се појавила без својата бурма. Сепак, дека не кренал раце од својот брак и своите чувства покажал Мартинез кој бил фотографиран во четвртокот додека вечерал во ресторанот каде што сакал да доаѓа со Хали, но и со бурмата на раката. Сепак, постојат и такви кои тврдат дека меѓу нив се е во ред и дека само се многу зафатени. Уште еден извор на парот рекол дека живеат заедно и се среќни родители на нивното бебе и не излегуваат многу.