Холивудската актерка Хали Бери е на чекор од развод од својот трет сопруг, францускиот актер Оливие Мартинез, пренесуваат американските медиуми. Извор близок до парот открива дека Хали и Оливие конечно дојдоа до крајот на нивниот заеднички пат, а претходно имаа многу турбиленции во својата врска. Една од главните причина е тоа што актерот има избувлив темперамент кој тешко го контролира.
Така неодамна и физички се пресмета со Габриел Обри, поранешниот партнер на убавата актерка со кој таа има седумгодишна ќерка. После тој инцидент Хали го советувала сегашниот сопруг да побара помош од експерт за контрола на бесот. Инаку, гласините за нивниот развод дополнително се зголемија откако папараците ја фотографираа актерката без бурма на почетокот на месецов, а парот не е виден заедно во јавност од јануари оваа година.