Актерката е позната како многу таинствена кога станува збор за нејзиниот приватен живот и ретко сака тоа да го дели со јавноста. Сега со момчето Оливер Мартинез за прва пат заедно позирале пред фотографите. На црвениот тепих во Њујорк се држеле за рацете, а таа цела блескала и широко се смеела.
Носела свилен црвен фустан, а Оливер измамувал воздишки во елегантно одело. Сега докажале дека се еднакво секси пар, било тој да ја вози неа на мотор, било да се појават заедно на црвениот тепих.