Хали Бери го одвела своето момче Оливер Мартинез во Лос Анџелес за да ја запознае нејзината мајка Џудит. Непознат извор изјавил дека според овој чекор нивната врска била многу сериозна. Истата ноќ парот кој заедно го снима филмот “dark Tide” бил виден во друштво на пријателите пред француската галерија во Холивуд.


Актерката претходно се разделила со манекенот Габриел Оубри со кого ја има ќерката Нала, а подоцна ја започнала врската со Оливер. Се зближила со него на снимањето на филм, а Оливер претходно бил во врска со многу популарни девојки, меѓу кои се истакнуваат Кајли Миног и Анџелина Џоли.