Оскаровката Хали Бери одлучила да ги одложи плановите за свадбата додека не се пресели во франција. Актерката планира да се омажи за својот вереник, францускиот актер Оливие Мартинез, но пред тоа сака поради својата ќерка Нала да се пресели во Франција. Актерката изјавила дека таму ќе имаат поголема приватност и сигурност за Нала. Во САД постојано некој ги следел, па Нала започнала да се чувствува посебно. Додала дека нејзината ќерка секако е посебна, но сакала да свати дека е посебна поради тоа што е, а не поради тоа што родителите и се славни.

Бери рекла дека процесот на преселување ќе трае подолго отколку што би требало. поради битката за старателството која ја води со Габриел Обри. Актерката, која се мажела два пати, рекла дека сака оваа свадба да биде интимна. Неодамна се појавила во филмот ‘Cloud Atlas’ во кој игра заедно со Том Хенкс.