Пријателите на Хали Бери им откриле на американските медиуми дека актерката е во трет месец од бременоста и дека ќе роди син. Ова ќе биде второ дете за Хали и прво за нејзиниот вереник Оливер Мартинез.
Актерката има 46 години и тело на кое завидуваат многу помлади жени. Од врската со канадскиот манекен Габриел Обри ја има петгодишната ќерка Нала, а наскоро наовдно ќе добие уште едно дете.