Хали Бери добила почесна награда за својата хуманитарна работа на специјална гала церемонија под име „Моќта на жените“ во Холивуд. Покрај неа за хуманитарна работа признанија добиле и актерката Кетрин Хигл, пејачката и актерка Квин Латифа и ѕвездата на серијата Очајни домаќинки Фелисити Хафман.
Бери, која трпела насилство во семејството во минатото добила награда за својата работа во организацијата ”Jenese Centre” која се бори против насилството. Актерката за време на примањето на наградата рекла дека никогаш нема да го напушти тоа место. Хафман добила награда за хуманитарна работа во борбата против ракот на дојката. Инаку, Хали Бери наскоро ќе ја видиме во новиот филм ”Cloud Atlas”.