Атрактивната холивудска актерка Хали Бери, која моментално е во Шпанија поради снимањето на филмот “Cloud Atlas”, ја скршила ногата на имотот на кој престојува за време на снимањето на филмот. Веднаш по повредата која ја добила по едно невнимателно движење, актерката била хоспитализирана и и’ била ставена лонгета.


После тоа била видена како болницата ја напушта во инвалидска количка, обидувајќи се да се сокрие со големи очила за сонце и спортско капче. Несреќата целосно го пореметила снимањето на филмот, но продуцентите планираат да продолжат со снимањето и покрај повредата, само што кадарот ќе биде фокусиран на горниот дел од нејзиното тело, а за долниот ќе се користи дублерка.