Момчето на холивудската актерка Хали Бери, Оливие Мартинез, открил дека тие двајца на есен ќе добијат син. Мартинез рекол дека неговиот син ќе биде американец, но тој засекогаш ќе остане французин.

Иако во странските медиуми се шпекулирало дека Хали ќе роди момче, Оливие тоа сега и го потврдил. Актерката неодамна рекла дека втората бременост за неа е како благослов. Се чувствувала фантастично и не мислела дека ќе роди уште едно дете, па затоа втората бременост позитивно ја изненадила.