Актерката Хали Бери барала од судот да му забрани на нејзиното поранешно момче Габриел Обри да ја гледа нивната тригодишна ќерка Нала. Како причина за тоа бил неговиот физички напад врз дадилката која го чувала девојчето.
Наводно поранешниот партнер на Хали Бери луто ја турнал дадилката во ѕидот додека таа ја држела Нала за раката. Кавгата избила бидејќи Обри не ја известил дадилката дека Нала не била во градинка, туку останала со него во куќата. Дадилката после немилиот настан дала отказ и го тужела Обри.