Симона Халеп си обезбеди место помеѓу шампионките на престижниот грен слем турнир Вимболдон освојувајќи ја титулата оваа година. Романката за неполн час и отчита лекција на Серена Вилијамс победувајќи ја во два сетови со идентичен резултат 6-2, 6-2.

За скромната и пред се квалитетната Халеп ова е втор трофеј од грен слем турнирите. Сефте и беше титулата на Ролан Гарос освоена минатата година.

  • Овој пат ќе бидам многу искрена и ќе кажам дека натпреварот во финалето е мој најдобар во кариерата. Заслугите одат на Серена Вилијамс која многу ме инспирира и ме мотивираше максимално. Фала на сите за поддршката. Чувството е неверојатно и никогаш нема да го заборавам. – изјави Халеп.

На Романката турнирите на трева не и беа јака страна, но со тренирање и многу работа успеа да ја премости разликата од останатите терени.

 – Напорно работев да ја поправам играта на трева. Никогаш не ми беше лесно затоа што стилот мој на игра е со трчање, а трева не е баш така лесно. Поправив некои работи во играта, финеси во поставувањето и движењето и сега после титулата можам да кажам дека успеав. Сега, не можам да дочекам да дојде следната година и повторно да се појавам пред фантастичните гледачи и прекрасните терени. – заврши Халеп.

Освојувањето на титулата на романската тенисерка ќе и донесе напредок од три места на ВТА ранг листата. Од седмата позиција ќе се премести на четвртата.

OhridNews

Серена Вилијамс немоќна, Симона Халеп победничка на Вимболдон