Фудбалерите на Борусија Дортмунд ги освоија три бодови на гостувањето кај Фортуна Дизелдорф со минимална победа 1-0. Џокер на „милионерите“ беше Ерлинг Халанд кој погодок за триумф го постигна во последните мигови од судиското продолжение. Огромната радост на клупата од Борусија Дортмунд можеше скапо да го чини тренерот Луисен Фавр кој се повреди. За среќа повредата не е сериозна и тренерот на Борусија „избегна“ пауза од работното место.

OhridNews