Светските медиуми од ден на ден се повеќе откриваат детали од животот на норвешката фудбалска сезанција Ерлинг Халанд. Тој сезонава ја започна во австрискиот Салзбург, а ја продолжи во германскиот гигант Борусија Дортмунд после трансферот во зимскиот преоден рок. Халанд во интервју за германските медиуми откри дека идол му бил некогашниот голгетер на Свонси Мичу и изненади многумина бидејќи очекуваа фудбалер кој е мегапопуларен или ѕвезда.

Мојот идол беше Мичу кој беше одличен во Свонси. И тој е левак како мене, висок и многу прецизен пред противничкиот гол. Покрај него тука се Кристијано Роналдо и Златан Ибрахимовиќ, но Мичу навистина беше посебен. – изјави Халанд.

Мичу дресот на Свонси го носеше три сезони, а во една нив успеа да постигне 20 погодоци и да биде во потесниот круг за златната копачка во Премиер лигата. Потоа забележа вртоглав пад на кариерата која ја заврши во нисколигашот Овиедо во 2017 година.

OhridNews

 

Од хит во Премиер лигата до четвртата лига во Шпанија (видео)