Ниту малку среќни вести не доаѓаат од женскиот светски ракомет. Норвежанката Нора Морк, која важи за една од најдобрите ракометарки на денешницата размислува да стави точка на ракометот.

27-годишната ракометарка која игра на десната бековска позиција еднаш паузираше поради повреда на вкрстените лигаменти, а ја очекува нова пауза, откако ја обнови повредата на Европското првенство во Франција. Разочараноста кај Морк после обновувањето на повредата е толку голема, што размислува да го остави ракометот.

Повредите и се најголем противник на Морк во досегашниот дел од кариерата. Десниот бек има импозтна ракометна кариера освојуваќи титули во Лигата на шампиони со Ѓер и Ларвик, а на репрезентативен план со Норвешка има златни одличја од сите големи собири.

Еднаш во фокусот на светската спортска јавност симпатичната ракометарка се најде, откако и беше хакиран телефонот. Нејзини слики со експлицитна соддржина се најдоа на интернет, а Морк долго време не можеше да се соземе.

OhridNews