Во текот на вчерашниот ден, анонимни хакери ја нападнале социјалната мрежа Твитер, пристапувајќи до приватни информации на околу 250 000 корисници.

Како што соопштуваат од Твитер, компанијата ги блокирала лозинките на корисниците за кои се верува дека биле нападнати, како дел од мерките на претпазливост.

За сега, не се откриваат деталите околу нападот и причинетата штета, но во тек е идентификување на корисниците чии профили се хакирани.

Нападот над Твитер, доаѓа по серијата упади на кинеските хакери, кои пред неколку денови нелегално влегле во новинарските профили на New York Times и Wall Street Journal, пристапувајќи до заштитените податоци.

OhridNews