Амбасадата на Република Македонија во Канбера е згрозена од чинот на лицата кои успеале да ја пробијат лозинката на Фејсбук страницата на Амбасадата и да напишат недоличен коментар во описот на дел од фотографиите од албумите на Амбасадата.Овој случај е веќе пријавен во надлежните институции и се надеваме дека лицата ќе бидат откриени во најбрз можен рок, стои во писменото објаснување од амбасадата.
Во коментарите под фотографиите веќе се испишани повеќе реакции од Македонци, а фотогалеријата и коментарите се отстранети од профилот.