Сајтови на повеќе државни институции меѓу кои и на државното обвинителство, Министерството за информатичко општество, сајтот за е-трговија синоќа биле паднати одредено време и на нивно место во интернет просторот се појавувала порака “kissed by UstadCage”. Според првичните информации хакерскиот напад бил извршен врз сервер на Министерството за информатичко општество и администрација на кој се хостирани повеќе веб сајтови на други државни институции.
Од обвинителството велат дека се истражува нападот, а во истрагата се вклучени и припадници на одделот за компјутерски криминал во МВР. Зад поимот UstadCage на социјалната мрежа Фејсбук има профил со иста слика, а при проверка се утврдува дека креаторот пишува на индонезиски јазик.
Истрагата треба да покаже која е заднината врз хакерскиот напад. При пребарување на интернет за да се најде сајтот на министерството за информатичко општество уште стои истиот потпис на хакерот додека страницата на МИОА функционира.
OhridNews
извор Телма