На Кристофер Чејни, кој признал дека украл и објавил разголени фотографии на неколку познати дами, вклучувајќи ги и Скарлет Јохансон, Кристина Агилера и Мила Кунис, му се заканува казна затвор од 60 години. Чејни признал дека хакирал адреси на повеќе од 50 славни личности, а уапсен бил во октомври минатата година по 11 месеци истрага на ФБИ.
Меѓу фотографиите кои ги објавил биле и разголените фотографии на Скарлет Јохансон, кои биле наменети за нејзиниот тогашен сопруг Рајан Рејнолдс, а актерката пред да биде уапсен се сомневала во сите луѓе од својата околина и повеќе пати изјавила дека објавувањето на фотографиите и паднало многу тешко.