Хакери утрово упаднаа на официјалната веб страница на „Радио Охрид“. Тие на местото на редовните содржини покрај грбот на својата организација „Обединети хакери на Албанија“ испишале и пораки со недолична содржина на верска основа.

Од радио Охрид информираат дека за упадот на нивната веб страница дознале утрово. Велат дека не знаат кој стои зад нападот за кој веќе бил информиран техничкиот тим на радиото кој работи на отстранување на проблемот.


Хакери упаднаа на веб страната на „Радио Охрид“

Ohridnews