Хакери успеаја да украдат 50 милиони долари виртуелни пари до експериментален инвестициски фонд основан токму со намера да се покаже сигурноста на криптовалутата, објави The News York.
Споменатата сума е украдена од DAO (Decentralized Autonomous Organization), инвестициски фонд кој прибира средства во „етери“, дигитална валута која е конкурент на „биткоинот“.
Во DAO успеале да соберат 150 милиони долари, а со оваа кражба загубиле третина од капиталот, што претставува тежок удар за овој проект.
Технологијата на којашто почива оваа нова виртуелна валута е „blockchain“, и ја користи Ethereum, и е сé популарна во финансискиот свет во кој во иднина би можела да биде корисна.
Поради кражбата „етерот“ падна за 25 отсто, откако на почетокот од седмицата го достигна врвот од 1,6 милијарди долари изразени во оваа валута.
OhridNews
Извор:„Макфакс“