Група хакери изврши спектакуларна кражба во двесетина држави во светот одземајќи од банкомати 45 милиони долари, пренесуваат светските агенции.

Хакерите упаднле во базите на податоци на банките, ги симнале лимитите за подигање пари од банкомати, ги зеле пристапните кодови кои ги пренеле на лажни картички и ги испразниле сметките.

За случајот осомничени се седум лица од САД, а постојат сомневања дека во големата хакерска акција учествувале лица од повеќе држави.

OhridNews