Портпаролот на ММФ, Дејвид Хоули изјави дека таа меѓународна финансиска институција во потполност функционира, но одби да изнесе повеќе детали за тој инцидент со информативната технологија. Тој не сакаше ништо да каже за обемот и природата на тој сајбер- напад ниту дали се преземни некои доверливи податоци. ММФ има доверливи финансиски податоци за многу држави во светот.
Неименуван извор од ММФ, соопштил за Њујорк тајмс дека нападот бил на високо технолошко ниво и дека бил опасен.
ММФ веќе има проблеми со својот имиџ во јавноста по апсењето на директорот Доминик Штрос-Кан поради сексуален напад во мај месец, по што си поднесе оставка.
извор: Makfaks