Хакерот Ешли Таунс, авторот на првиот вирус за популарниот телефон Ајфон, добил работа во фирма за развој на софтверот за мобилни телефони. Тој ја направил софтверската програма Ајки која на заразените телефони им ја менува позадината на екранот и поставува слика на поп пејачот од осумдесеттите години Рики Ештли. Таунс е сега вработен во австралиска фирма за развивање на софтверот за Ајфон.
Ајки не е опасна програма, но им го отворил патот на сериозните вируси, кои ги погодиле корисниците на холандската онлајн банка ИНГ. Таунмс изјавил дека вирусот го направил за да укаже на проблемот со безбедноста на Ајфонот. Против него не била покрената никаква тужба.