Полицијата во Барселона обвинила еден хакер поради обид за крадење од банкарската сметка на бразилскиот фудбалер Роналдињо. Станува збор за сума од 800 илјади евра, тврдат шпанските медиуми. Се наведува дека компјутерскиот хакер познат како Евертон ЦР, наводно влегол во електронската пошта на мајката на фудбалерот.
Од неа добил увид во банковната сметка на фудбалерот. Потоа се обиел споменатата сума да ја префрли на сметка на еден човек кој му помагал во злоделото. Прва се забележала сестрата на Роналдињо, која ја блокирала трансакцијата. Хакерот го чека судење во Барселона.