Третата најголема светска пивара Хајнекен, има намера да ја преземе контролата над најголемиот производетел на пиво во Индија, „United Breweries“, со цел зајакнување на присуството на растечкиот индиски пазар, пренесува Ројтерс повикувајќи се на извори блиски до двете компании. Ханекен, кој и сега е најголем акционер во таа индиска компанија, планира да го зголеми своето учество во капиталот на повеќе од 50 проценти, од сегашните 42,7 проценти, и тоа со купување на акциите кои ги држи индискиот магнат во секторот на алкохолни пијалоци, Виџај Малиа, кој инаку е во големи долгови.
Зголемувањето на уделот на Хајнекен во индиската пивара ќе се одвива во етапи и ќе трае повеќе години. Како што се наведува, потенцијалниот трошок за Хајнекен е тешко да се вреднува, но се знае дека делот од 32,6 проценти кој го посефува Малиа вреди 71 милијарда индиски рупии, односно околу 915 милиони евра.