Компанијата Хајнекен, позната по своите иновативни проекти, неодамна го претставила своето ново, паметно шише „heineken ignite“. Холандскиот производител на пиво со видео поставено на Јутјуб прикажал како ноќните клубови би можеле да изгледаат за само неколку години.


Ова интерактивно шише било повеќе од обично стаклено шише. Освен што ја содржело драгоцената течност, пивото, тоа исто така реагирало на движење и светело кога со него се наздравувало. Во шишето бил вграден сензор за движење како и софтвер кој ја синхронизира светлината која ја произведува со музиката во клубот. Сеуште не е познато кога овие шишиња ќе се појават на пазарот. Еден од претставниците на компанијата рекол дека инфорамции за тоа ќе бидат соопштени за неколку месеци.