Познатата германска манекенка Хајди Клум не можела да го сокрие воодушевувањето од згодниот Габриел Обри, поранешното момче на актерката Хали Бери. Имено, Хајди и Габриел заедно ја рекламираат линијата облека “Macy’s”, каде всушност и прв пат се запознале. Додека флертуваат еден со друг за потребите на снимањето, Хајди не го криела воодушевувањето од згодниот манекен.
Рекла дека тој изгледа сјајно на секоја фотографија. Не знаела која е неговата тајна, но секогаш изгледал секси па таа морала само да се грижи за тоа како изгледа таа самата. И додека Хајди има само пофални зборови за колегата, Хали Бери долги години наназад води тешка битка околу старателството над ќерката Нала која ја добила од врската со Обри.