Супермоделот Хајди Клум ќе биде четвртиот судија во новата сезона на американското шоу „Јас имам талент“. Манекенката во последен момент потпишала договор и долетала во Њу Орлеанс, каде ќе се снима првата рудна од аудицијата.
Со овој гест, Хајди се придружила на судиската тројка која ја сочинуваат Хауард Штерн, Хови Мендел и новодојдената Мел Би, која во шоуто влегла на местото на Шерон Озборн.