Хајди Клум деновиве неколку пати била фотографирана со четирите деца низ улиците на Њујорк. 43-годишната Германка уживала во друштво на двете ќерки и двата сина.
12-годишната Лени, 10-годишниот Хенри, 9-годишниот Јохан и 6-годишната Лу се забавувале со својата славна мајка на разни активности и се релаксирале на прошетки во „Големото јаболко“.
Познатиот супер модел зад себе има два брака. Клум прво беше во брак со стилистот Рик Пипино, од кого се разведе во 2002 година. Потоа, таа беше во врска со Флавио Бријаторе, кој е биолошки татко на Лени.
Лу, Хенри и Јохан се нејзини деца со музичарот Сил, со кого беше во брак речиси седум години. Познатата манекенка сега е во врска со Вито Шнабел.
OhridNews
Извор:Femina