Хајди Клум и нејзиното 13 години помладо момче Вито Скабел, после напорната работа побегнале на романтичен одмор. Изминатиов месец славната убавица Хајди Клум била зафатена со снимањето на десеттата сезона на шоуто “America’s Got Talent” и потоа реши своите слободни денови да ги мине во друштво на момчето.

 

Поранешната манекенка која има 40 години на Инстаграм се пофалила со фотографија на која среќниот пар позира, а во позадина има само планини прекриени со снег. Парот е заедно од февруари 2014 година, а пред тоа Хајди била во врска со својот телохранител Мартин Кристен, со кој била две години откако се развела од поранешниот сопруг Сил. Хајди и Сил имаат три деца, а манекенката има и едно од претходната врска со бизнисменот Флавио Бриаторе.