Славната убавица Хајди Клум ужива на одмор на плажа со своето младо момче Вито Шнебел, а парот пронашол осамен дел на плажата само за себе и се препуштил на разменување нежност. Хахди со својата витка фигура и минијатурно бикини докажала дека бомба и на 41 година и дека би можела да ги посрами и помладите колешки.
Своето младо момче го почестила со одмор на јахта и возење на џет ски со пријателите, а притоа парот лудо се забавувал. Парот е заедно од минатата година, а пред тоа поранешната манекенка била во врска со својот телохранител Мартин Кристен, со кој била две години откако се разведе од сопругот Сил. Хајди и Сил имаат три деца, а манекенката има и едно од претходниот брак со бизнисменот Флавиот Бриаторе.